Фото: KF Bashkimi 1947 / FC Bashkimi

Башкими до крајот на сезоната нема да игра во Куманово

Дисциплинската комисија на ФФМ денеска ја изрече казната за Башкими за инцидентите против Струга во изминатиот викенд кога гостинските фудбалери се соочија со проблеми при напуштањето на теренот.

Имено, Башкими од ФФМ доби забрана од четири натпревари за играње на домашен терен, но покрај тоа ќе плати и казна од 5.000 евра.

„Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука ФК Башкими 1947 Куманово да се казни со забрана за играње на домашен терен во траење од четири натпревари и парична казна од 5.000 евра, поради слаба организација на натпреварот против ФК Струга Трим Лум, одигран во рамки на 28. коло од Првата МФЛ на 19.04.2026 година на стадионот „Башкими“ во Куманово, како и поради присуство на неслужбени лица на теренот и во службените простории и физички напад врз претставници и фудбалери на гостинската екипа“, соопшти ФФМ.

За Башкими ова значи и дека до крајот на сезоната нема да игра пред своите гледачи бидејќи им остануваат уште два домашни дуели кои сега ќе треба да ги игра надвор од Куманово.

Казни добија уште Иван Варадиновски (главен тренер) и Трајче Ников (тренер на голманите) од Кожуф кои се суспендирани со по два натпревари.

ВИДЕО | Во Куманово имало и „трето полувреме“, фудбалерите на Струга не можеле да го напуштат теренот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот