Барселона за натпреварот против Атлетико ќе се жали до УЕФА
По поразот од Атлетико Мадрид, Барселона го впери прстот кон судијата, посочувајќи неколку спорни одлуки, од кои една особено ги разгневи Каталонците.
Препорачано
Шпанските медиуми блиски до клубот откриваат дека Барселона сериозно размислува да поднесе официјална жалба до УЕФА поради арбитражата на романскиот судија Иштван Ковач на првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Најконтроверзниот момент се случи кога голманот на Атлетико, Хуан Мусо, изведе гол-аут и му ја додаде топката на Марк Пубил, кој потоа повторно ја допре со рака во рамките на казнениот простор. Фудбалерите на Барселона жестоко реагираа и побарале пенал, но судијата не покажал на белата точка, а без реакција остана и ВАР.
Од Барселона сметаат дека Ковач морал да досуди најстрога казна во оваа ситуација и веќе подготвуваат официјална жалба за спорната одлука.
Дополнително, незадоволството во клубот расте и поради тоа што капитенот на Атлетико, Коке, не добил втор жолт картон во првото полувреме. Наместо исклучување, тој поминал само со опомена.
ВИДЕО | Барселона за спорната ситуација со Атлетико: Не добивме чист пенал


