Барселона сака да му се одмазди на ПСЖ и да му го украде дефанзивецот

Ашраф Хакими се наоѓа на радарот на Барселона/фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Управата на Барселона на чело со претседателот Жоан Лапорта е најактивна на трансфер пазарот носејќи пет засилувања, но не планира да застане тука и сака одбраната да ја освежи со фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими.

Лапорта сака да му се одмазди на ПСЖ бидејќи во 2017 година му го зеде Нејмар плаќајќи ја откупната клаузула од 222 милиони евра, а минатото лето „светците“ го прибраа Лионел Меси кој мораше да се замине од Барселона поради финансиски проблеми на клубот.

Лапорта според ТВ емисијата „Ел Чирингито“ планира да му се одмазди на ПСЖ така што ќе го натера Хакими да побара трансфер за потоа тој со понуда од околу 60-тина милиони евра би го донел на „Камп Ноу“.

Голем проблем за Лапорта  може да претставува тоа што претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е тежок преговарач кој минатото лето одби 190 милиони евра од Реал Мадрид за Килијан Мбапе и потоа успеа да го убеди напаѓачот да потпишен нов тригодишен договор.

Згора на тоа, ПСЖ има договор со Хакими до 2026 година и прашање е дали би потпаднал под уцените на Лапорта.

Од друга страна првиот човек на Барселона летово направи неколку одлични трансфери, го донесе Роберт Левандовски од Баерн, Жил Кунде од Севиља и Рафиња од Лидс за кои плати 153 милиони евра, додека Френк Кеси и Андреас Кристенсен ги донесе бесплатно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот