Барселона ќе има нов претседател, Бартомеу поднесе оставка

фото: твитер

Хосеп Марија Бартомеу и неговиот Управен одбор поднесоа оставки и си заминуваат од Барселона, пишува „Спорт“.

Иако пред 24 часа изјави дека нема намера да си поднесува оставка и дури изјави дека бил најдобриот претседател на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, денеска сепак се премисли и си поднесе оставка.

Бартомеу ќе се бори до крај, не си поднесува оставка и бара одложување на рефендумот

Оваа вест прв ја пренесе каталонскиот весник „Спорт“ кој е добро информиран за случувањата во Барселона, и пишува дека со Бартомеу си заминува и неговиот Управен одбор, со што најавеното гласање за недоверба повеќе не е потребно.

Наводно, Бартомеу на овој чекор се одлучил за да не доживее поголем срам и да биде избркан од „социосите“, членовите на Барселона кои имаат право на глас, а во исто време да го спаси клубот од дополннителни преблеми.


Овој потег на Бартомеу значи дека најголемата ѕвезда на екипата, Лионел Меси ја доби војната со првиот човек на клуботкој  во последните месеци беше озложен на огромни критики поради лошите резултати, кавгата со Аргентинецот но и поради останатите проблеми кои ги создаде во клубот.
Исто така, каталонската полиција минатиот месец го обвини Бартомеу за корупција.

Неговиот мандат требаше да заврши во март наредната година, а на чело на Барселона е од 2014 година кога го наследи Сандро Росел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот