Барселона го продава Дембеле за само 60 милиони евра

твитер

Шпанскиот тим за Французинот во 2017 година плати 105 милиони евра плус 40 милиони во дополнителни бонуси.

Осман Дембеле во Барселона дојде да го замени Нејмар кој истото лето замина во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, но во изминатите три години францускиот репрезентативец се покажа како големо разочарување поради неспортскиот начин на живот и честите повреди.

Сега Барселона е подготвена да се раздели со Дембеле и тоа за само 60 милиони евра, пишува „Марка“.

Како една од главните причини за ставањето на трансфер листата се наведува платата на Дембеле како и загубената доверба од соблекувалната во него поради неспортскиот начин на живот.

Засега, не се наведува кои екипи се заинтересирани за неговите услуги, но во минатото се шпекулираше со трансфери во Ливерпул, ПСЖ, Милан и Арсенал.

Францускиот репрезентативец во дресот на Барселона одигра само 74 натревари во три сезони на кои постигна 19 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот