Барселона го доби Магдебург, Келце против ПСЖ во полуфиналето на ЛШ

фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Актуелниот европски првак Барселона од Шпанија во полуфиналето од ЕХФ Лигата на шампионите на завршниот турнир во Келн (17-18 јуни) ќе игра против германскиот Магдебург во „Ланксес“ арената.

Во вториот полуфинален меч полскиот Келце ќе ги одмери силите против ПСЖ од Франција.

На овој Ф4 ќе настапат четири екс членови на Вардар 1961, Лука Циндриќ за Барселона, потоа Игор Карачиќ и Алекс Дујшебаев во дресот на Келце, како и Даинис Кристопанс за ПСЖ на чија клупа е поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез. Во редовите на Магдебург е и поранешниот играч на РК Металург, Владан Липовина.

Во втората половина на јуни Келн по 14 пат ќе биде домаќин на завршниот турнир од елитното клупско ракометно натпреварување.

Барселона досега 11 пати ја освојуваше титулата во ЛШ, вклучувајќи ги и последните две изданија, Магдебург до сега се закити со три титули, последната ја имаше во 2002 година. Келце беше најдобар во 2016 година, додека ПСЖ и натаму ја брка својата прва титула, единственото финале го имаше во 2017 година против Вардар 1961, иако ова ќе биде шести настап на францускиот гигант на завршниот турнир во последните осум години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот