Барселона е очајна, сега на Тотенхем му нуди размена

EPA-EFE/NEIL HALL

Каталонскиот клуб летово нема да троши пари за нови играчи туку ќе се засилува преку размени.

Актуелниот шпански шампион се обидува да дојде до договор со италијанските гиганти Интер и Јувентус, но преговорите не одат толку лесно.

Барселона се обидува да се договори со Јувентус од каде треба да пристигне Миралем Пјаниќ но проблем прави Бразилецот Артур кој не сака да се пресели во Торино.

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез е приоритет број еден за управата на Барселона но не може да најде заеднички јазик со италијанскиот тим.

Директорот на Интер, Бепе Марота инсистира да се плати откупната клаузула од 111 милиони евра додека Барселона сака да ја намали оваа сума со вметнување неколку фудбалери. Проблемот е што Барселона нуди играчи кои не ги сака Интер и затоа тешко е да се дојде до договор.

Поради тоа, каталонскиот клуб тропна на вратата на еден од најдобрите преговачи во фудбалот, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви.

Тангуи Ндомбеле/EPA-EFE/NEIL HALL

Барселона е заинтересирана на Ндомбеле кој минатото лето во Тотенхем за рекордни 80 милиони евра, но воопшто не ги оправда вложените пари.
За да дојде до Ндомбеле Барселона е подготвена во Лондон да го прати Фелипе Кутињо кој е голема желба на Жозе Мурињо.

Кутињо сезонава настапува за Баерн Минхен како позајмен фудбалер, но германскиот тим ја извести Барселона дека нема да го откупи договот.

Мурињо во бразилскиот репрезентативец го гледа идеалното решение во средниот ред и се надева дека доколку го донесе Кутињо ќе успеа да го натера и Вилијан да потпише за Тотенхем откако по крајот на летото ќе му истече договорот со Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот