Барса му се „заканува“ на Нејмар: 10 милиони евра или на суд!

фото: твитер

Славниот клуб од „Камп Ноу“ е подготвен да го тужи поранешниот играч за 10 милиони евра затоа што му платиле повеќе пари отколку што требаше!?

Во најава е нова „војна“ помеѓу Бразилецот и Барселона, потсетување Нејмар го напушти каталонскиот клуб во 2017 година со трансфер вреден 222 милиони евра евра кога се пресели во ПСЖ.

А сега три години подоцна, Барселона прегледувајќи ги своите финансиски книги, утврди дека клубот му платил на Нејмар повеќе пари отколку што требаше.

Даночната инспекција го разгледа финансискиот период за 2015 година, а информацијата ја пренесува „Мундо Депортиво“. Даночната агенција тврди дека Бразилецот профитирал од „неправедно богатење“ затоа што Барселона му платила на играчот поголема сума пари отколку што му следуваше.

Фото: Твитер

Како резултат на тоа Барселона подготви тужба врз основа на „преплатување“, а доколку не се реши оваа ситуација, тој преплатен износ од 10.200.000 евра ќе се смета како „донација“ на Барселона на играчот. Шпанскиот весник „Спорт“ открива дека Барса му се заканува со суд на играчот доколку не врати 10 милиони евра.

Нејмар во моментов го има еден од најголемите долгови меѓу фудбалерите на сметка на шпанската каса, а според некои извештаи од септември, Бразилецот ѝ должи на државата вкупно 34.600.000 евра.

Барселона ќе користи секаква ситуација за избегнување на евентуален банкрот, веќе се планира намалување на платите на фудбалерите. Шпанските медиуми објавија дека долгот на клубот изнесува 820 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот