Барние по трговскиот договор меѓу ЕУ и Велика Британија: Ни олесни, часовникот повеќе не отчукува

Фото: EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

Европскиот преговарач за Брегзит, Мишел Барние денеска изјави дека постигнувањето на трговски договор со Велика Британија е олеснување, бидејќи е постигнат само една недела пред крајниот рок.

– Часовникот повеќе не отчукува. Денешниот ден е олеснување, но е обвиткан во некаква тага, додека споредуваме тоа што беше претходно со она што претстои, посочи Барние.

Тој додаде дека краткиот рок за преговори за договорот е „без преседан во однос на неговиот обем и сложеност” и оти ЕУ покажала единство и солидарност, што е нејзина сила.

– За мене беше голема чест да бидам дел од ова европско единство, истакна Барние.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот