Бали Бег во проблеми: Се огласи неговата сопруга по шпекулациите дека се скарала со сестра му!

Фото: Инстаграм

Сопругата на турскиот актер Бурак Озчивит, Фахрие Евџан, се огласи по повод озборувања дека имала расправија со сопругот.

Наводно, кавгата била поради неговата сестра, која и покрај забраната поради коронавирус, сакала да присуствува на домашната прослава за првиот роденден на малиот Каран.

Во Турција се шпекулира дека имало турбуленции во семејството на Фахрие и Бурак и дека таа се скарала со сестрата на нејзиниот сопруг, а потоа ја избришала од Инстаграм.

Со оглед на тоа што гласините за семејната бура стануваат се погласни, Фахрие реши да стави крај на шпекулациите на таблоидите.

– Бурчин не го користи Инстаграм, таа не е активна на таа социјална мрежа, па затоа ја отследив. Нема апсолутно никаков проблем меѓу нас, сè е во совршен ред, рече Фахрие, која го прослави првиот роденден на нејзиниот син Каран пред неколку дена.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот