Бакингемската палата следната година ќе ја организира најголемата изложба на облека на кралицата Елизабета досега
Облеката што ја носела кралицата Елизабета II од Англија и која имала посебно влијание врз британската мода ќе биде изложена во Бакингемската палата, објави „АП“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На изложбата ќе бидат претставени околу 200 парчиња облека, вклучувајќи ги нејзините познати капи, вечерни фустани, шалови, облека за јавање и пластичен мантил како дел од практичната секојдневна гардероба.
Британските дизајнери Ердем Моралиоглу, Ричард Квин и Кристофер Кејн ќе придонесат на изложбата, која ќе се отвори во април следната година, а ќе ја одбележи стогодишнината од роденденот на кралицата.
Триото ќе ги искаже своите ставови за нејзиното модно наследство во публикацијата „Краица Елизабета Втора: Мода и стил“.
Директорката на американскиот „Вог“, Ана Винтур, исто така ќе ѝ оддаде почит на кралицата во ова издание.
„Гардеробата на нејзиното покојно Височество е одраз на многу долг живот посветен на должноста и во многу погледи претставува временска капсула“, рече Моралиоглу.
Изложбата ќе го вклучува, меѓу другото и здолништето дизајнирано од Норман Хартнел, кое кралицата го носела во 1950-тите.
Потоа тука е темнозелениот капут, кој го креирала нејзината лична кројачка Анџела Кели, а кралицата го носела една година пред нејзината смрт.
Едно од впечатливите парчиња е пластичен мантил за дожд од дизајнерот Харди Амис од 1960-тите, кој се сметал за исклучително модерен во тоа време.
Меѓу вечерните комбинации ќе биде изложен зелен фустан од дизајнерот Хартнел што кралицата го носеше на државен прием во чест на американскиот претседател Двајт Ајзенхауер во британската амбасада во Вашингтон во 1957 година.
Исто така, има и син фустан и јакна во иста боја што Елизабет ја носеше на свадбата на нејзината сестра Маргарет во 1960 година.
Дизајнерката Квин, која ја освои наградата на кралицата Елизабета II за британски дизајн, нагласи дека нејзиниот стил несомнено ја промовирал британската мода во текот на 1990-тите и имал огромно влијание врз неа.
Изложбата, за која билетите беа пуштени во продажба денес, ќе се отвори на 10 април следната година и ќе трае до 18 октомври.


