Бајрами: Косово е под санкции поради ЗСО

косово
Косово / Фото: Millenius / Alamy / Alamy / Profimedia

Пратеничката на Демократскиот сојуз на Косово Хикмете Бајрами изјави дека Косово е под санкции поради неспроведување на ЗСО и дека премиерот Албин Курти треба да изготви статут според договорот од 2015 година, пренесува Репортерс. Ваквата изјава уследи по говорот на Курти во парламентот, кога изјави дека благодарение на него ЗСО не се спроведува.

Како што наведува, најдобар начин за излез од кризата би било подготвувањето на статутот на ЗСО од страна на Курти.

„Тоа што го кажува Курти е точно. ЗСО не се спроведува и поради таа причина сме под санкции. Односите со меѓународните сојузници се на најниско ниво, а прашање е каде оди Косово. Најдобро би било Курти да го состави статутот на ЗСО како што стои во договорот од 2015 година, кој нема извршни овластувања, но и никаде да не се споменува Охридскиот договор“, рече Бајрами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот