Бајлс се врати, освои медал и порача: Менталното здравје не е шега

EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Најдобрата гимнастичарка на денешницата Симон Бајлс, се врати на настапите на Олимписките игри во Токио, откако се повлече уште во првата дисциплина, во екипното натпреварување поради менталното здравје.
Потоа ги пропушти и финалињата во поединечна конкуренција и тоа во повеќебој, прескок, двовисински разбој и партер.

Легендарната американска гимнастичарка го освои бронзениот медал на натпреварувањето во греда, зад кинеските атлетичарки 16-годишната Ченчен Гуан и Шиџинг Танг, по што повторно зборуваше за проблемите со кои се соочува. Бајлс за својата вежба освои 14.000 поени, шампионката Гуан освои 14.633 поени, додека сребрената Тан имаше 14.233 поени.

– Беше многу, многу тешко. Никогаш не сум била на трибините, не сум навикната на такво нешто и шансата повторно да се натпреварувам ми значеше сè. Дефинитивно го свртев вниманието на менталното здравје, тоа е нешто со кое се соочуваат голем број на луѓе, но постојано се турка под тепих. Сметам дека ние не сме само забавувачи, и ние сме луѓе кои имаме чувства – порача 24-годишната Бајлс која има освоено 27 медали златни медали на најголемите натпреврувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот