Бајиќ: Никогаш не гледам два чекори напред, приоритет е подмладување на репрезентацијата

Фото: kfsm.mk

Она што беше најавено пред крајот на минатата недела, во текот на вчерашниот ден доби официјална потврда. Српскиот стручњак Драган Бајиќ е нов селектор на македонската сениорска репрезентација, а вчера е претставен на прес-конференција во организација на федерацијата.

Бајиќ се осврна на своите планови во иднина и се заблагодари на можноста да ја води репрезентацијата на Македонија.

Очекува да се продолжи процесот на подмладување на репрезентацијата кој го почна претходниот селектор Александар Тодоров…

– Се разбира, тоа мора да биде приоритет во националниот тим бидејќи само така можеме да се надеваме на подобра иднина. Секоја друга политика може да биде погубна, а јас како селектор, ќе се обидам со добра работа и добри тренинзи, да им помогнам на тие млади кошаркари што побрзо да созреат и да бидат носители на играта во репрезентацијата – рече Бајиќ.

Дали имаме шанси за пласман на следното Светско првенство, еве го одговорот на српскиот стручњак…

– Рано е сега да се зборува за тоа, јас никогаш не гледам два чекори напред. Не ги знаеме противниците ни во претквалификациите, дури потоа можеме да зборуваме и да правиме планови на таа тема. Главна цел во моментов треба да ни биде да ги поминеме претквалификациите по што ќе се насочиме на главните квалификации за Светскиот Куп – додаде новиот стратег на „црвено-жолтите“.

Бајиќ: Чест е да се биде селектор на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот