Бајден повика на национално единство сега кога се одбележуваат 20 години од нападите на 9/11

Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/Ken Cedeno

 Американскиот претседател Џо Бајден повика на национално единство пред 20 – годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година во САД.

Во видео запис во Белата куќа, објавен и на Твитер, Бајден им оддаде почит на загинатите во нападите и илјадниците повредени, како и пожарникарите, медицинските сестри и многу други кои загинаа или ризикуваа за време на спасувачките мисии и долгиот пат до закрепнување.

Тој исто така спомена дека „мрачните сили на човечката природа – стравот и гневот, огорченоста и насилството против муслиманските Американци, вистински и верни следбеници на мирољубивата религија” го нарушија, но не го скршија американското единство.

„Според мене, ова е централната лекција за 11 септември, дека кога сме најранливи, во потиснување на се она што не прави луѓе и во битката за душата на Америка, единството е нашата најголема сила”, рече Бајден, додавајќи дека „единството не значи дека мора да веруваме во иста работа”.

„Мора да имаме фундаментална почит и верба еден во друг, и во оваа нација”, истакна Бајден.

Белата куќа го објави видеото во пресрет на 20 – годишнината од 11 септември, како и најава дека Бајден ќе ги посети сите три места кои беа нападнати на тој датум во 2001 година.

Американскиот претседател и неговата сопруга Џил Бајден денеска ќе го посетат Њујорк, каде што два авиона го уништија Светскиот трговски центар и загинаа 2.753 луѓе, потоа Пентагон во Арлингтон, Вирџинија, каде што се урна третиот авион, и Шенксвил во Пенсилванија, каде се урна четвртиот авион за кој се верува дека се упатил кон Капитол или Белата куќа.

Две децении од нападот што ги промени Америка и светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот