ФОТО - Џо Бајден

Бајден нема намера да ѝ се извинува на Кина: Ќе ги соборам сите летала кои ја загрозуваат американската безбедност

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американската војска ќе собори секој иден летечки објект што ја загрозува безбедноста на САД и додаде дека за тоа нема никому да се извинува.

Во своето прво обраќање за наводниот кинески шпионски балон и неидентификувани објекти соборени над Северна Америка, Бајден рече дека се уште не е позната точната цел на балоните, но дека „во моментов нема индикации дека тие се дел од кинеската шпионска програма“, ниту дека извидувачките објекти се од која било друга земја.

„Не се сомневајте, доколку некој објект претставува закана за безбедноста на американскиот народ, ќе биде соборен“, рече Бајден и додаде дека очекува да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг, велејќи дека САД не бараат нова студена војна, туку „натпревар“ со Кина и со другите светски сили.

„Не започнуваме нова студена војна, но нема да се извинувам. Ќе продолжиме да се натпреваруваме (со Кина) и ќе бидеме одговорни за конкуренцијата да не се претвори во конфликт“, објасни Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот