Мајкл Б. Џордан и Делрој Линдо / Фото: EPA

БАФТА се извини за расистичката навреда што се слушна на годинашниот пренос во живо

Британската академија за филм и телевизија (БАФТА) безрезервно се извини за расистичката навреда што беше слушната за време на годинашното доделување на наградите додека беа Мајкл Б. Џордан и Делрој Линдо, пренесуваат британските медиуми.

Во соопштението се наведува дека „БАФТА“ не ја исполнила својата должност кон гостите и гледачите кои присуствуваа на церемонијата на доделување награди и на нејзиното телевизиско емитување.

Британската академија изјави „дека не очекувала ниту соодветно се подготвила за можноста за таков инцидент во пренос во живо“.

На доделувањето на наградите БАФТА во февруари, се случи инцидент кога Џон Дејвидсон, гостин со Туретов синдром, извика расна навреда додека актерите беа на сцената.

„Би-Би-Си“ се извини затоа што спорниот момент не беше отстранет од снименото емитување со задоцнување и започна истрага.

„БАФТА“ објави дека „безрезервно се извинува“ на заедницата на Афроамериканци, како и на лицата со попреченост и на сите гости и гледачи кои го гледаа настанот на мали екрани.

– Сенка беше фрлена врз она што требаше да биде момент на прослава – се наведува во соопштението.

Сепак, при прегледот на овој инцидент, беше утврдено дека немало злонамерна намера, иако беа пронајдени голем број пропусти.

– Веќе се работи на решавање на специфичните области за подобрување препорачани во независната проценка на инцидентот, со цел да се намали ризикот од повторно случување на ова, а мерките се поврзани со планирање на пристапноста на оваа манифестација и вклучување, како и со организацијата на целиот настан – изјави одборот на директори на БАФТА.

БАФТА 2026 – „Една битка по друга“ освои најмногу признанија на британските филмски награди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот