Баерн против Вердер ќе ја одбрани шампионската титула!?

фото: твитер

Со евентуални три бода против Вердер, гигантот од Минхен и официјално ќе дојде до својата осма последователна титула..

Во вторник баварскиот гигант има шанса со триумф да ја освои, односно одбрани шампионската титула во најсилното германско првенство.

На три кола до крајот на сезоната Баерн Минхен на бундеслигашката табела води со 73 бодови, седум повеќе од второпласираната екипа на Борусија Дортмунд. Тренерот на Баерн, Ханс Флик посакува во вторник (16 јуни, 20.30 часот) во Бремен неговите играчи да го обезбедат првото место.

Со евентуални три бода против Вердер, кој се бори за опстанок, гигантот од Минхен и официјално ќе дојде до својата осма последователна титула и 30 во историјата на клубот.

Целта е да се победи во Бремен. Сакаме да ја обезбедиме титулата. Ние сме во одлична серија и сакаме да ја продолжиме победничката низа – рече Флик.

Распоред на натпревари на Баерн и Дортмунд во последните три кола:

16 јуни Вердер Бремен-Баерн Минхен
17 јуни Борусија Дортмунд-Мајнц

20 јуни Баерн Минхен-Фрајбург
20 јуни Лајпциг-Борусија Дортмунд

27 јуни Борусија Дортмунд-Хофенхајм
27 јуни Волфсбург-Баерн Минхен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот