Бадентерот преку Бујар Османи стаса до Капитол хил
Мариела Трајковска
Пред
Потпретседателот на ДУИ и ексминистер за надворешни работи, според она што го споделил на својот фејсбук профил, „распалил“ пред конгресмените во САД, директно посочувајќи го Судот како виновник за поткопување на Рамковниот договор и предупреди на можна дестабилизација. Од Уставниот суд велат дека Османи континуирано манифестира исклучително ниско ниво на политичка култура
Потпретседателот на ДУИ и ексминистер за надворешни работи Бујар Османи распали по Уставниот суд во обраќање пред конгресмените во Капитол хил, во САД. Тој директно го посочи Судот за поткопување на Рамковниот договор како гарант на стабилноста и предупреди на можна дестабилизација. Според Османи, притисокот веќе не се врши со „тенкови“, туку преку политички наративи и институции како Уставниот суд, кој е дел од климата што може да доведе до дестабилизација.
Од Уставниот суд во изјава за „Слободен печат“ велат дека Османи континуирано манифестира исклучително ниско ниво на политичка култура и порачаа дека Судот и натаму ќе ја извршува својата функција независно, професионално и одговорно.
– Со децении договорите, како Дејтонскиот и Охридскиот рамковен договор, ја формираа јужната линија на стабилност на Балканот. Тие не беа совршени, но ги заштитуваа мултиетничките држави и спречуваа границите да станат фрагилни. Денес оваа линија повторно се става под притисок – не главно со тенкови, туку со наративи и со институции, како што е Уставниот суд во Северна Македонија. Ако денес ги затвориме очите пред напорите за поткопување на договорите за стабилност и внатрешна и надворешна интеграција, утре ќе ги отвориме очите за нова реалност на нестабилност. Ова мора денес да престане, за утре, историјата што ја доживеавме вчера да не ни се повтори – рече Османи.
Бујар Османи Фото: Фејсбук Османи
Тој рече дека Западен Балкан сега е дел од стратешкиот простор за натпреварување и дека регионалната интеграција, инфраструктурата и политичката соработка се клучни елементи на модерното одвраќање. Во овој контекст, Османи ја спомена и иницијативата за Коридор 8, која ја опиша како безбедносен проект за јужното крило на НАТО.
Во обраќањето тој истакнал регионот да не се третира само како простор за управување со кризи, туку како стратешка инвестиција во евроатлантската безбедносна архитектура, предупредувајќи дека игнорирањето на овие случувања денес може да предизвика сериозни последици во иднина.
Османи во САД, според она што го сподели на својот фејсбук-профил, присуствувал на молитвениот појадок што секоја година го организира американскиот претседател.
Уставните судии за ставовите на поранешниот министер за надворешни работи за кои се тврди дека се презентирани пред американски конгресмени, велат дека тој континуирано манифестира исклучително ниско ниво на политичка култура.
– Неспорен факт за овој одговор е тоа што стратешкото партнерство и дијалогот со САД подразбира безусловно почитување на владеењето на правото и безусловно немешање и забрана за влијание и притисоци врз судството, факт што тој во континуитет го игнорира во сите свои јавни настапи. Уставниот суд ќе продолжи да ја извршува својата функција независно, професионално и одговорно, во согласност со Уставот и во заштита на правната сигурност, институционалниот интегритет и интересите на Република Северна Македонија – велат од Уставниот суд за „Слободен печат“.
Од камп до конгресмени на САД
Реториката и притисокот на ДУИ против Уставниот суд се засили откако беа доставени иницијативи за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците и по одлуката на Судот да го укине „балансерот“, алатка што се користеше при вработувањето во јавната администрација со цел да има соодветна и правична застапеност на етничките заедници. „Интегративците“ кампуваа пред Судот и се закануваа дека „ни точка ни запирка не смее да се смени од Законот за јазиците“, како еден од главните столбови на Рамковниот договор.
Лидерот на ДУИ, пак, Али Ахмети, постконгресно најави дека услов за формирање на секоја идна влада е да биде гласана според Бадентеровиот принцип, но и Уставниот суд со Бадентер да носи одлуки за законите што се донесени со двојно мнозинство.
Во годишното обраќање на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски остро реагираше дека ако одлуките на Уставниот суд треба да се носат со Бадентерово мнозинство, тогаш граѓаните може слободно да заборават на правната држава, а институцијата да стави клуч на врата.
Прес на Дарко Костадиновски- претседател на уставен суд / Фото: Слободен печат – Драган Митрески
– Ако тоа се случи, во истиот момент граѓаните можат да заборават на правната држава, во истиот момент можат слободно да стават клуч и да ја затворат оваа институција. Бадентерот е корисен механизам за општества како нашето, но во политичките органи. Таков орган е Собранието. Но Уставен суд да се сведе етнички аргументи да бидат пресудни, нема потреба од ваква институција – изјави тогаш Костадиновски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Веројатно сите скопјани во изминатава недела дознаа и се запознаени со гласањето на Советот на Општина Центар, каде што советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го изгласаа нацрт ДУП-от за градска четврт Ј-05, позната како Барутана, со што на оваа локација на Водно ќе се отвори можност да изградба на десетина или повеќе објекти на два …
Сите ние во некој момент сме заглавиле на социјалните мрежи со оние „pick a card“ видеа, прашувајќи се дали универзумот се обидува да ни испрати некој знак. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ВИДЕО | Англија води дури со 4:0 по првото полувреме против немоќните Французи 2 ВИДЕО | Кошаркарите на Србија …