Бабиќ: Ќе бидеме подготвени за Нексе

Матео Мараш очекува тежок натпревар на Е. Пелистер на гостувањето кај Нексе/ фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Еурофарм Пелтистер го победата во големото македонско дерби против Вардар веќе утре ги очекува нов предизвик, првиот осминафинален натпревар против Нексе во рамки на Лигата на Европа.

Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ, смета дека трите дена се доволно за неговите ракометари да се одморат од дербито со Вардар и подготвени да го дочекаат натреварот со Нексе.

– Се одлучивме да го подготвуваме натпреварот против Вардар и тоа добро испадна за нас. Сега имаме три дена да се одмориме, да се подготвиме и дефанзивно и офанзивно, да видиме кои карактеристики ги има Нексе. Треба побрзо ментално да се одмориме и со истата енергија и желба да се обидеме да обезбедиме што е можно подобар резултат. Нексе е добра дефанзивна екипа која многу трча. Веќе игравме еден натпревар против нив, тоа беше добро искуство, Верувам дека ќе се одмориме, ќе се припремиме и ќе бидеме подготвени занивното брзо трчање, на неговиот брз центар и на агресивната одбрана – вели Бабиќ.

И ракометарите со оптимизам го чекаат дуелот со Нексе во Нашице.

– Се подготвувавме за Вардар и добро се подготвивме и сега ништо помалку не очекувам и за дуелот во Нашице. Ќе го оставиме срцето на терен. Нексе е незгоден ривал, имаат добра транзиција, цврсти се во одбрана, играат на многу голови и тоа се некои работи кои треба да им ги запреме доколку сакаме победа – вели Матео Мараш.

Првиот дуел меѓу македонскиот и хрватскиот вицешампион ќе се игра утре во Нашице, а реваншот е закажан за 5. април во „Боро Чурлевски“ во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот