Баба стана порно ѕвезда за да се прехрани: „Навистина уживам!“ (ВИДЕО)

Foto: ilustracija/Lucy Lambriex

„Никогаш не сум почувствувала потреба да бидам порно ѕвезда која изгледа како Барби. Многу мои гледачи, особено оние младите, сакаат да ме видат како баба – сексуална работничка“.

Еби Робертс (58), баба на шест внучиња од Бургос во Шпанија, ги остварува машките фантазии во собата покрај онаа во која престојува нејзиниот сопруг. Наместо да ужива во пензионерските денови, таа продава секс со цел, како што тврди, да преживее.

Се прави пред камера, шест дена неделно. По осум часа дневно пред камера се шета гола или полугола во високи потпетици, се допира, се задоволува и прави се што клиентите ќе посакаат. Покрај тоа, месечно снима по шест филмови за возрасни со мажите кои и доаѓаат во куќата. За тоа време во другата соба сопругот гледа спортски канали.

„Во просек работам по осум часа дневно. Некои луѓе ме нарекуваат работохоличар, но јас тоа всушност го сакам. Со тоа го прехранувам семејството. Така е веќе 18 години. Се заљубив во својот сопруг иако знаев дека има проблеми со здравјето, и дека работите со тек на време ќе станат се полоши. Не е важно кој заработува пари додека се сакате“, изјави таа и додаде дека во секс-индустријата влегла на 40 години.

Таа и сопругот Сорен биле сексуално многу активни, дури биле и свингери пред тој да има срцев удар. Морал да престане со сексот за да остане жив.

„Сексот станува поинаков кога ќе остарите. Мислам дека жените во мои години би требало да се чувствуваат повеќе секси. Животот не е готов. Никогаш не сум посакала да бидам порно ѕвезда која изгледа како Барби. Многу мои гледачи, особено оние помладите, сакаат да ме видат како баба која е сексуална работничка“, објаснува Еби, додека нејзиниот сопруг е полн разбирање.

„Жал ми е што толку напорно работи, но мораме така, бидејќи живееме од парите кои ги заработува“, вели тој.

Еби вели дека понекогаш се возбудува после неколку часа играње, мачкање со масло… Свесна е дека еден ден внуците ќе дознаат што работи нивната баба и дека ќе постават некои скокотливи прашања, но како што тврди, подготвена е на тоа.

„Доколку дојдат кај мене со 10 и 12 години и кажат: Бабо те видовме на интернет како имаш секс, јас би им објаснила дека сексот е живот и дека тоа е нешто што не треба да се сокрива“, додаде таа.

Документарецот за нив „On The Game: The Sex Business“ е прикажан на ТВ страницата „Channel 5“, пренесува Mirror, а нејзината видео снимка можете да ја погледнете ОВДЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот