Угостителски објект / кафеана / илустрација

Б.Ц. нападнал музиканти во кафеана, им ги кршел инструментите

Жител на Крива Паланка на 37-годишна возраст, со иницијали Б.Ц., ќе одговара откако нападнал членови на музичка група и оштетил дел од нивната опрема, соопшти МВР.

Инцидентот се случил минатиот месец, кога пријавениот почнал да прави проблеми за време на настапот на бендот во кафеаната.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднела кривична пријава против Б.Ц.(37) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.04.2026 во угостителски објект во Крива Паланка, пријавениот попречувал членови на музичката група, која била ангажирана во објектот, физички нападнал еден од членовите и ја оштетил музичката опрема. По целосно документирање на сите докази и изјави од сведоците, против Б.Ц. е поднесена пријава во Обвинителството, информираат од МВР.

ФОТО | Царината откри серија шверцувања: запленети се цигари, теписи, лажни таблички — фатени се и мигранти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот