Азири: Секое одбивање или неподдржување на европскиот пат ќе го наруши тоа што сме го постигнале

Фото: Принтскрин

Вашингтон и Брисел се двата најголеми центри и нашите цели треба да се насочени кон нив. Идентитетот се негува во институциите, а се легитимира на меѓународно ниво, порача пратеникот на Алијансата за Албанците Ељми Азири на денешната седница на Комисијата за уставни прашања.

Треба да целиме кон нашиот пат во ЕУ. Ова е нашата писта и нашиот пат. Секое одбивање или неподдржување на овој пат, ќе го наруши тоа што сме го постигнале, истакна Азири.

Без кохезијата, тој вели дека нема да имаме државен поредок.

За жал ние денес демонстрираме недостиг на капацитетите за преземање одговорности. Прашањата кои се потешки секогаш се решавани со продуктивни компромиси и ние сме подготвени за тоа, но за жал тие што денес импровизираат лажни борби за својот идентитет не се подготвени да го направат тоа за нас. Вашингтон и Брисел се двата најголеми центри и нашите цели треба да се насочени кон нив. Идентитетот се негува во институциите, а се легитимира на меѓународно ниво, рече Азири.

Тој нагласи дека вистинската опција во согласност со историските тенденции се НАТО и ЕУ и другите опции, според него, се само демонстрирање на злоупотреба на граѓаните за други интереси.

Вистинската опција во согласност со историските тенденции е токму ова – НАТО и ЕУ, Вашингтон и Брисел. Другите опции се само демонстрирање на злоупотреба на граѓаните за други интереси. Брисел се огласи дека нема интервенции во преговарачката рамка и Вашингтон исто така. Тие дадоа гаранција дека нема да има други пречки од страна на Бугарија и затоа стравот, кој се поттикнува кај граѓаните не е реален. Во секој историски процес, народот имал криза на идентитет, бидејќи традицијата се прекинува во однос на историските насоки. Ја разбирам сензитивноста заради идентитетот, меѓутоа полека, ден по ден секој народ ќе го изнајде патот за консолидирање на идентитетот. Сите треба да бидеме свесни за времето во коешто живееме. Негативните одлуки ќе нè доведат во други димензии, коишто ние како држава можеби немаме капацитет да ги надминеме. Тие што го одбиваат предлогот беа против Охридскиот договор, против децентрализацијата, против законот за фискална децентрализација и за жал продолжуваат да бидат против сите демократски опции, кои се согласно европските вредности, рече тој.

Азири потенцира дека во јавноста се создава конфузија и се користи терминологија, која предизвикува хаос, што според пратеникот е далеку од реалноста.

Јас како Албанец од Северна Македонија нема да барам ништо повеќе од моите сограѓани Македонци, освен тоа што веќе го правам за заштита на идентитетот на македонскиот народ и истото да го направат и за нас Албанците. Сметам дека нема да имаат друг избор освен прифаќање на реалноста. Некој кој претендира да ја отфрли оваа реалност, тоа е нешто друго, рече пратеникот Азири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот