Австралија ќе ја признае руската вакцина Спутник В

Австралиската администрација за терапевтски производи (ТГА) и препорача на а встралиската влада да ги признае вакцинациите со руската вакцина Спутник В кај странските државјани кои пристигнуваат во земјата.

„TГA посочува дека вакцината против Ковид-19 од рускиот Гама центар Гамалеја Спутник В ќе биде призната како потврда на статусот на вакцинација на патниците кои пристигнуваат”, се вели во соопштението на регулаторот објавено на неговата веб-страница.

ТГА соопшти дека руската страна му ги доставила на раководството потребните информации, „што покажува дека оваа вакцина обезбедува заштита против Ковид-19 и ја намалува веројатноста дојдовен патник да ја пренесе инфекцијата на други или да се зарази со Ковид-19 додека е во Австралија”.

„Добиените информации вклучуваат објавени податоци од истражувањето и беа доставени до ТГАод руската влада”, се вели во соопштението.

Регулаторот нагласи дека две дози на Спутник В покажале просечна ефикасност од најмалку 89 отсто против инфекција со коронавирус и 98 отсто заштита од тешка форма на ковид-19 и смрт од компликации предизвикани од вирусот.

„Признавањето на вакцината Спутник В ќе го зголеми капацитетот на Австралија да прифаќа странски студенти и квалификувани работници мигранти. Странците кои примиле две дози од руската вакцина Спутник В сега ќе се сметаат за целосно вакцинирани и ќе можат да влезат во Австралија”, велат од ТГА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот