АВИО-БИЛЕТИТЕ ВРТОГЛАВО РАСТАТ: Авиокомпаниите профитираат од банкрот на „Томас Кук“

Клиенти на агенцијата „Томас Кук“, британска компанија што банкротираше, ги обвинија авиокомпаниите за зачудувачкиот пораст на цената на летовите, при што многумина беа принудени да ги платат.

Патниците кои имаат резервирано летови преку британска компанија, сега се обидуваат да најдат заменски летови. Сепак, патниците велат за „ВВС“ дека некои авиокомпании тројно ги зголемиле цените на летовите.

На пример, според патничката Ангела Милс, цената на летот од Глазгов кон Родос, Грција во неделата изнесувала 280 фунти, но денес овој лет чини 1.000 фунти. Летот од Велика Британија кон Флорида чинел 1.800 фунти, а сега пак чини 2.500 фунти.

Најџел Вилсон вели дека тој успеал да го избегне поскапувањето на цените помеѓу Манчестер и Маракеш. Билетите за неговото четиричлено семејство чинеа 640 фунти, но вчера се искачија на 1.500 фунти.

Аналитичарите велат дека цените секогаш одразуваат голема побарувачка за летови. Бидејќи стотици илјади туристи од Велика Британија и остатокот од Европа ги загубија повратните билети кои поврзани со авионите кои беа во сопственост на „Томас Кук“, цените се зголемија и во други компании.

– Луѓето не седат таму и не ги трлаат рацете. Ако продажбата на летови на популарните рути се зголемува, тогаш се зголемуваат и цените“, рече Џон Стрикланд, аналитичар за авиокомпанијата во „JLS Consulting“. Тој додаде дека авиокомпаниите можеби се решиле да престанат ги да зголемуваат цените, но секоја е комерцијална.

– „Томас Кук“ не успеа затоа што имаше огромни долгови и направи загуба. Тоа е кревка индустрија. Десетици авиокомпании не успеаја. Ако авиокомпаниите не остварат профит каде што можат на повеќето летови, тогаш немаат шанси да преживеат – рече Стрикланд.

Во меѓувреме, Дејм Деидре, претседател на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Обединетото Кралство (ЦАА), вели дека британската ескадрила довела дома нешто помалку од 15.000 луѓе досега. Ова е само осум проценти од вкупниот број на луѓе кои чекаат на нивниот повратен лет.

– Останува уште многу работа. Успеавме да направиме 64 летови, а денес ќе имаме уште 74 летови и се надеваме дека ќе вратиме дома 16.500 луѓе. Во следните 13 дена ќе летаме и ќе вратиме 135.000 патници – рече Деидре.

„ЦAA“ изнајми повеќе од 40 авиони за да ги донесе патниците дома од 18 земји и цената на операцијата, која ја сноси Министерството за транспорт на Велика Британија, ќе биде поголема од 100 милиони фунти или околу 113 милиони евра.

Пропаѓањето на „Томас Кук“ поради лошата финансиска година без работа остнаа 22.000 луѓе низ целиот свет, но и 600.000 патници без летови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот