Меморијал за застреланите припадници на Националната гарда во Вашингтон/Фото: Heather Diehl / Getty images / Profimedia

Авганистанецот кој застрела двајца гардисти во Вашингтон се изјасни за невин

Осомничениот сторител на нападот врз двајца припадници на Националната гарда во Вашингтон, од кои едниот почина, се изјасни за невин за време на вчерашното сослушување пред судија, според Еј-би-си.

Рахманула Лаханвал – 29-годишен Авганистанец кој беше повреден за време на апсењето на местото на нападот на 26 ноември – ја потврди својата невиност преку видео врска од неговиот болнички кревет каде што е под стража.

Судијата му нареди да остане во притвор, без можност за кауција, а следното рочиште го закажа за 14 јануари.

Според сведочењето вклучено во досието на предметот, сторителот извикал „Алах е голем“ на арапски пред да почне да пука. 20-годишната Сара Бекстром, војник на Националната гарда, им подлегнала на повредите откако била однесена во болница. 24-годишниот колега, Ендру Волф, останува хоспитализиран со сериозни повреди.

Нападот во Вашингтон предизвика спор меѓу републиканците и демократите. Рахманула Лаханвал е авганистански бегалец кој служел во редовите на специјалните сили во Авганистан и соработувал со американската војска и ЦИА.

Тој влегол во Соединетите Држави во септември 2021 година, помалку од еден месец по брзото, хаотично повлекување на американските трупи од Авганистан, како дел од операција за брзо отстранување на Авганистанците кои соработувале со Американците во војната против Талибанците.

Барањето за азил било поднесено за време на претседателствувањето на Џо Бајден, но било одобрено во април 2025 година, односно откако Доналд Трамп се вратил во Белата куќа.

Сепак, во последните денови, претставници на администрацијата на Трамп ја префрлија целосната одговорност на администрацијата на Бајден, нагласувајќи дека не го потврдила кривичното досие на Авганистанецот.

Напаѓачот на гардистите во Вашингтон се соочува со обвинение за убиство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот