Пукање во Вашингтон / Фото: EPA/WILL OLIVER

Напаѓачот на гардистите во Вашингтон се соочува со обвинение за убиство

Рахманула Лаканвал, осомничен за пукање во двајца припадници на Националната гарда во Вашингтон сега се соочува со обвинение за убиство од прв степен, откако една од жртвите, 20-годишната Сара Бекстром, им подлегна на повредите. Другиот војник, 24-годишниот Ендру Волф, останува во критична состојба по инцидентот во среда попладне, објави Скај њуз.

Канцеларијата на американската обвинителка Џанин Пиро потврди дека 29-годишниот Лаканвал се соочува со обвиненија за убиство од прв степен, поседување огнено оружје при извршување на насилно кривично дело и напад со намера за убиство.

Пиро најави дека ќе бидат поднесени „повеќе обвиненија“ и објасни дека Лаканвал патувал низ целата земја за да изврши „напад од заседа“ со револвер.

Според официјални извори, Лаканвал дошол во САД во 2021 година преку програмата „Операција Добредојдовте кај сојузниците“, со која беа евакуирани илјадници Авганистанци по повлекувањето на американските сили. Пред да емигрира, тој служел во единица на авганистанската армија поддржана од ЦИА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот