Напаѓачот на гардистите во Вашингтон добил азил три месеци по доаѓањето на Трамп
Авганистанскиот државјанин Рахманула Лаханвал, кој вчера пукаше и уби двајца припадници на Националната гарда во Вашингтон, добил азил во Соединетите Држави оваа година, покажуваат владини документи до кои дојде Ројтерс.
Препорачано
Според документите, Лаханвал пристигнал во САД на 8 септември 2021 година во рамки на програмата за преселување „Welcome Allies“, започната од тогашниот претседател Џо Бајден по повлекувањето на американските сили од Авганистан.
Тој аплицирал за азил во декември 2024 година, а одобрувањето го добил на 23 април 2025 година, три месеци по стапувањето на должност на претседателот Доналд Трамп.
„Животното што пукаше ќе плати висока казна“ – Трамп соопшти детали за инцидентот кај Белата куќа
Според функционер запознаен со случајот, Лаханвал немал познато криминално досие. Во владиното досие се наведува дека бил проверен за работата со американските партнери во Авганистан и не биле пронајдени дисквалификациски информации.
Но, директорот на ФБИ, Кеш Пател, и окружната обвинителка Џанин Пиро, и двајцата назначени од Трамп, на прес-конференција изјавија дека администрацијата на Бајден во 2021 година не спровела соодветни безбедносни проверки пред да му дозволи влез во земјата. Пател тврдеше дека „илјадници луѓе“ биле пуштени без соодветна биографска проверка.


