Карл Бушби / Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Авантурист патува низ светот пеш веќе 27 години: Сега ги откри деталите од неговата „експедиција Голијат “

Карл Бушби, поранешен британски падобранец, сака да стане првиот човек што пешачел околу светот без престан.

Тој го започнал своето патување во 1998 година, а сега е на последната етапа од своето 27-годишно патување дома, пишува „Ројтерс“.

Одејќи низ пороен дожд во северозападна Унгарија, Бушби, кој го започнал своето патување во Чиле, рекол дека претходно имал евтина пластична камера Инстаматик со 35 мм филм за да го сними своето патување низ Јужна Америка.

Не помислил детално да го сними своето патување, за што сега жали. Сè се сведувало на преживување и наоѓање доволно храна пред да го премине опасниот Дариенски теснец, кој се наоѓа помеѓу Колумбија и Панама, и да се упати кон север.

– Тогаш немаше социјални медиуми или нешто слично. Значи, немаше причина да се фотографира сè или да се снимаат работи… Тоа беше сосема поинаква приказна – изјавила Бушби за „Ројтерс“, додавајќи дека „се спротивставувал“ на користењето на Тикток до оваа година.

– Тоа е дополнителен притисок бидејќи одеднаш многу луѓе гледаат. Луѓето сакаат да знаат, како да не можат повеќе да се кријат, но во исто време тоа е одлична алатка – рекол тој.

Патувањето на Бушби, наречено „експедиција Голијат“, се одвива без употреба на моторизиран транспорт. Тој го преминал Беринговиот теснец од Алјаска до Русија пеш во 2006 година, а го препливал Каспиското Море во 2024 година.

Првично очекувал да го заврши патувањето од 58.000 километри за осум години, но имало одложувања поради финансиската криза од 2008 година, пандемијата на коронавирусот, геополитичките промени и ограничувањата за визи.

– Поминав низ финансиски кризи, војни, пандемии… Сето тоа сериозно го попречува експедициското патување… Само се справувате со тоа“, рекол тој, додавајќи дека очекува да се врати дома до септември или октомври 2026 година.

Секако, ова патување му оставило данок, психички. Тој рекол дека монотонијата понекогаш е одлична.

– Се наоѓате во пустините и пејзажот не се менува со денови или недели. Може да биде малку премногу. Исто е и со Арктикот. На Арктикот чувствувате како постојано да се обидува да ве убие – заклучил тој.

Враќањето дома ќе биде нов предизвик. Откако ќе заврши со патувањето, планира да почне да се занимава со наука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот