Фото: EPA/JOEL CARRETT

АТП-листа: Алкараз остана на врвот, но загуби 500 поени

Карлос Алкараз остана на првото место на АТП ранг-листата, но загуби 500 поени бидејќи се откажа од одбраната на титулата во Ротердам.

Шпанскиот тенисер има 13,150 поени, по него следуваат Јаник Синер со 10,300 и Новак Ѓоковиќ со 5,280.

Следуваат Германецот Александер Зверев со 4,605 и Италијанецот Лоренцо Музети со 4,405, додека Феликс Оже-Алијасим скокна за две места по освојувањето на титулата во Монпелје и сега е шести играч на планетата со 3,950 поени.

Американецот Тејлор Фриц е седми со 3,940, Алекс де Минор од Австралија падна за две места и е осми со 3,835, а во Топ 10 се и Бен Шелтон со 3,560 и Александер Бублик со 3,235 поени.

Кај македонските тенисери, најдобропласиран е Калин Ивановски кој падна за четири позиции и сега е на 872 место со 26 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот