Атомска одбојка, Французите се олимписки шампиони

EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Во неверојатен натпревар во големото финале на Олимписките игри, Русија губеше со 0:2 во сетови, дојде до 2:2, но златниот медал на крајот им припадна на Французите. „Триколорите“ во фантастично финале славеа со 25:23,25:17,21:25,21:25,15:12.

Французите одлично го започнаа големото финале, во борбата за секоја топка, тие беа поконцентрирани и имаа повеќе среќа и дојдоа до првиот сет. „Триколорите“ беа уште подобри во вториот сет, доминираа од првиот поен и славеа со уште поубедливи 25:17.

EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Французите подобро го отворија и третиот сет, но овој Русите не се предадоа, во финишот дојдоа до 19:19, а во тие моменти им проработе и блокот, додека играта во поле беше на повисоко ниво што беше доволно да го освојат сетот со 21:25. Одличната игра продолжи на Русите продолжи и во четвртиот сет иако „триколорите“ победоа со 7:3. Но, малку подоцна резултатот беше израмнет 11:11 по што продолжи играта на нерви. Во финишот сепак Русија поведе со 21:18 и дојде до предност која и беше доволна за триумф од 21:25.

EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Во одлучувачкиот сет, руските одбојкари беа подобри на стартот и поведоа со 4:6, но Французите направија мини серија од 3:0 по што се играше поен за поен до 10:10. Во тие моменти Французите поведоа со 13:11 по што стекнатата предност ја задржаа до крај за олимписка титула.

Ервин Нгапет со 26 освоени поени беше најдобар кај новиот олимписки шампион, а одлична партија прикажаа и Жан Патри со 15 и Тревор Клевено со 11 освоени поени. Кај Русија, расположени за игра беа Максим Михајлов со 22, Егор Клиука со 20 и Иван Каковлев со 10 освоени поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот