Атлетико Мадрид и дефинитивно си обезбеди страшно засилување

epa09321737 Argentina's Rodrigo De Paul (L) celebrates after scoring against Ecuador, during the Copa America 2021 quarterfinals soccer match between Argentina and Ecuador, at the Pedro Ludovico Teixeira Olympic Stadium in Goiania, Brazil, 03 July 2021. EPA-EFE/Fernando Bizerra Jr

Атлетико Мадрид ќе го официјализира трансферот на Родриго Де Пол веднаш по крајот на Копа Америка.

Експертот за трансфери Фабрицио Романо на својот Твитер профил потврди дека договорот е потпишан, дека сè е договорено и дека не е официјализиран само затоа што Аргентинецот сака да се посвети на националниот тим и походот за трофејот на Копа Америка.

Атлетико ќе му плати 35 милиони евра на Удинезе за одличниот 27-годишен играч за врска, а Де Пол ќе потпише договор до летото 2026 година.

Наводно, со неговото доаѓање, тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне ќе биде подготвен да се откаже од Саул Њигез, кој има пазарна вредност и Атлетико би можел да заработи од неговата продажба. Претходно играчот се поврзуваше со Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, но немаше конкретни понуди.

Инаку, Де Пол синоќа го постигна првиот гол во победата на Аргентина над Еквадор, и тој е незаменлив во средниот ред на Лионел Скалони на јужноамериканското натпреварување. Аргентина во полуфиналето ќе игра против Колумбија, а во потенцијалното финале со Бразил или Перу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот