Атентат врз Самуел Пати: Истрага за седум лица меѓу кои и двајца малолетници на возраст од 14 и 15 години

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Според францускиот обвинител за антитероризам, Жан-Франсоа Рикар, за седум лица, меѓу кои и двајца малолетници на возраст од 14 и 15 години, ќе треба да биде отворена судска истрага за „соучесништво во атентат во врска со терористички потфат, соучесништво во убиство на лице со јавен авторитет и терористичко злосторничко здружение”.

Терористот Абдулах Анзоров ги поткупил двајцата ученици во основното училиште, нудејќи им меѓу 300 и 350 евра, според обвинителот. Тој им рекол дека сака да го „сними професорот, да го присили да побара прошка за карикатурата на пророкот”, но и „да го понижи и удри”.

Обвинителот, исто така, објави дека биле воспоставени неколку телефонски и писмени контакти меѓу терористот и таткото на ученичката, кој објавил видео на социјалните мрежи, во кое повикува на мобилизација против Самуел Пати по часот за слобода на изразување на кој беше прикажана карикатура на Мухамед во која, рече тој, и помагал на својата ќерка.

– Јасно е дека професорот беше специјално посочен како мета на социјалните мрежи, рече обвинителот.

Обвинителот, исто така, потврди дека атентатот врз Самуел Пати е дел од „контекстот на повици за убиство започнат од повторното објавување на карикатурите на Мухамед од „Шарли Ебдо” на почетокот на септември пред отворањето на судењето за нападите во јануари во 2015 година во Париз. Жан Франсоа Рикар особено го спомна нападот со сатар извршен на 25 септември пред поранешните простории на „Шарли Ебдо” и „трите комуникации” од Ал-Каеда и нејзиниот јеменски огранок, кои повикуваа на „убиство” на оние што биле во потеклото на повторната дифузија на овие карикатури.

Истрагата за „соучесништво во терористички атентат” е насочена кон Брахим Ц. и радикалниот исламистички активист Абделхаким Сефриуји, кои „негираат каква било одговорност при дејствувањето на напаѓачот”.

Терористот испратил аудио порака на руски јазик на социјалните мрежи откако ја објави фотографијата од својата жртва. Во неа, како што јавуваат француските медиуми, Абдулак Анзоров, на колеблив руски јазик, рече дека тој „се одмаздил за пророкот”, обвинувајќи го професорот по историја и географија дека „го прикажал на навредлив начин”.

Вечерва во почесниот двор на Универзитетот Сорбона ќе биде одржана националната свеченост за оддавање на почит на професорот Самуел Пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот