Атанасијевиќ: Ќе го дадеме најдоброто од себе за победа над Романија
Во вторник (20 јануари) со почеток од 18.00 часот во Хернинг, Данска, најдобрата македонска ракометна репрезентација ќе го игра третиот натпревар во групата Б од прелиминарната фаза на Европското првенство.
Препорачано
Нашата селекција после ремито во неделата против Португалија, ги одржува надежите за пласман во главната фаза на континенталниот шампионат.
– Имавме многу осцилации во текот на натпреварот, го започнавме натпреварот во добра форма и игравме многу добро во одбраната. Потоа, темпото и нивото на натпреварот се кренаа и бевме во негатива, но успеавме да направиме пресврт на крајот и би рекол дека ја имавме победата во наши раце, но заврши нерешено. Сега, брзо ќе го заборавиме тој натпревар и целосно ќе се фокусираме на Романија – се зборовите на македонскиот репрезентативец Павле Атанасијевиќ на официјалниот сајт на ЕХФ.
Следен противник на избраниците на селекторот Кирил Лазаров е репрезентацијата на Романија која ги загуби сите шанси за влез во вториот круг.
– Ќе го дадеме најдоброто од себе, секој од нас, за да го добиеме натпреварот, и подобриот тим нека победи. Никола Маркоски доби црвен картон, потоа Иван Џонов се повреди, а мојот брат (Петар) е повреден од првиот натпревар, иако се обиде да игра против Португалија, но не можеше да игра и верувам дека селекторот се снајде навистина добро и дадовме сè од себе. Сега доаѓа и Гоце Ојлески и мислам дека ќе бидеме добро – вели Атанасијевиќ.
Доколку Македонија успее да се пласира во главната рунда, тоа ќе биде прв пат по Европското првенство во 2018 година да игра во следната фаза од натпреварувањето.
ГАЛЕРИЈА: Емоции, борба и на крај реми во Хернинг кое може многу да значи


