Астрономскиот феномен кој ги фасцинирал древните цивилизации: Вечерва ќе се случи помрачување на месечината! (ВИДЕО)

Ноќта помеѓу петок и сабота ќе имаме можност да видиме помрачување на месечината, астрономски феномен кој низ историјата ги фасцинирал древните цивилизации и служел како предупредување или најава на трегедии и несреќи кои ќе следат.


Доколку го занемариме „предвидувачкиот“ аспект на помрачувањето, научното објаснување е сосема едноставно. Помрачувањето се случува кога земјата ќе се најде помеѓу сонцето и месечината и ќе ја префрли својата сенка на нашиот единствен природен сателит, со што се добива впечаток дека небесното тело го снемува, односно нешто го „јаде“.

Сите древни народи биле опседнати со овој астрономски феномен. Кај јужноамериканските цивилизација, Ацтеки и Инки, тоа бил чист пример за делување на поголемите сили – сите можеле да видат како голем јагуар ја голта месечината. Кај Еѓипќаните тоа било дива свиња, а во древна Кина – тронога жаба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот