Астро календар за Март: Јупитер и Нептун се спојуваат еднаш во животниот век, што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

хороскоп
Рене Магрит - Љубовници (IV) 1928–1928

Март ќе биде исклучителен месец на астролошки план. Се случуваат два астролошки настани кои се еднаш во животен век, интуицијата е водилка беспрекорна, а пак љубовта чука на врата!

Сезонската магија на Рибите

Енергијата на водниот знак Риби е онирична и имагинативна и кога сонцето патува низ овие емотивни води, нè приближува до нашата чувствителна страна и ги разгорува нашите фантазии. Чувство за интуиција, ќе биде засилено во овој период, следете го! Особено кога планетата на комуникацијата Меркур ќе се придружи на Сонцето во Риби на 9 март. Меркур е логичар, но кога е на територијата на Рибите, може да си дозволиме повеќе да се потпираме на чувства отколку на факти.

Во астролошки настан што се случува еднаш во нашиот живот традиционалниот владетел на Рибите, Јупитер и модерниот владетел Нептун патуваат заедно во сопствениот знак. Ова за нас значи благослови. На 5 март, Сонцето и Јупитер ќе се поврзат во Риби за прв пат од 2010 година, што ќе донесе огромни можности за раст, духовнo поврзување и креативна експанзија. На 13 март, сонцето и Нептун ќе се поврзат во Риби. Слушајте си го стомакот! Многу е важно да ги почувствувате фантазиите и да не се грижите премногу за деталите во овој период. Симболиката и третото око се посоодветни за средината на месецот.

Почнува сезоната на Рибите: Што ги очекува хороскопските знаци во периодот на овие космички порамнувања?

Нов месец, млада соновна месечина

Запливуваме во месецот со нова енергија благодарение на младата месечина во Риби на 2 март. Овој месечев момент ќе ја зголеми нашата интуиција, ќе ги наостри нашите чувства и нежно ќе нè поттикне да се збогуваме со комфорт зоната. Плус кога сонцето и месечината во Риби ќе се усогласат со планетата на благословите Јупитер(традиционалната владејачка планета на Рибите) ќе ви се отворат сетилата спремни да ја направат фантазијата реалност.

Талисман за секој хороскопски знак: Привлечете среќа, успех и љубов со вашиот накит

Венера и Марс носат изненадувања во љубовта

Убавицата Венера и војникот Марс патуваат рака под рака од средината на февруари, а на 6 март, тие ќе формираат конјункција по втор пат во еден месец. Венера и Марс генерално ги здружуваат силите само еднаш на секои две години, па додека се во овој редок планетарен настан, на сите ни е дадена можност да ги отстраниме сите блокади во љубовта и да создадеме нови плодни циклуси.

Планетите љубовници колективно ќе го напуштат прагматичниот земјен знак Јарец и ќе влезат во воздушната Водолија, каде што ќе останат во текот на март. Енергијата на Водолијата нè инспирира да ја прифатиме неконвенционалноста во романтиката и да размислуваме надвор од границите кога станува збор за задоволство, страст и добивање на она што го сакаме. Не се врзувајте за традициите, навиките или рутините од минатото – сега е време да ги обновите односите со пријателите и љубовниците со некои елементи на изненадување и ексцентричност.

На небото се случува редок настан, Војникот ја среќава убавицата: Спој на планетите Марс и Венера, што значи тоа за вас?

Овенот чука на врата!

Од 20 март акционата енергија сигурно ќе ви донесе елан, па ако сте размислувале за промени времето доаѓа. Прво и најважно, 20 март е датумот на пролетната рамноденица, што значи дека зимата официјално завршува и пролетта никнува. Овој ден го означува почетокот на сезоната на Овенот кој е храбар и полн со страст ќе ги истакне вашите лидерски вештини. Време е да станете најдобрата верзија од себе, да бидете бестрашни и да преземете акција за остварување на вашите желби.

Совршениот пријател: Какви домашни миленици избираат хороскопските знаци?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот