Ашаданов: Дури и да бевме комплетни, Белгија ќе беше пресилен противник за Македонија

фото: kfsm.mk

И покрај поразот, на крајот и убедлив во дуелот со селекцијата на Белгија, нема место за незадоволство во стручниот штаб на македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација кој го предводи селекторот Александар Ашаданов.

И Ашаданов и неговите асистенти, па и кошаркарките кои ги одбра за овој трет ФИБА „прозорец“, знаеја со кого имаат вечерва работа во СРЦ „Кале“.

Публиката во Скопје која дојде да го проследи овој натпревар „во живо“ виде една од моментално најквалитетните селекции не само во Европа, туку и во светот.

Според Ашаданов, Македонија и да беше во комплетен состав, Белгија ќе беше пресилен противник.

– Најпрво, сакам да ѝ посакам на Белгија среќа на ЕП, според мене, тие се една од топ-3 екипите фаворити кои можат да го освојат шампионатот. Девојките го дадоа максимумот, се вложија колку што можат по она исцрпување во Босна и Херцеговина да се дојде до таа посакувана победа, а потоа целиот тој пат со автобус. На тој дуел, пет играчи играа 39 минути. Исто така, тука в Скопје беше и квалитетот на противникот. Можеби резултатот е голем, но девојките не се откажаа и дадоа отпор колку што беше во нивна моќ. Дури и да бевме во комплетен состав, Белгија ќе беше пресилен противник за нас. Се надевам дека победата во овие квалификации и целиот циклус ќе бидат мотив за сите понатаму и за помладите кои треба допрва да ни се вклучат во процесот на надградба на сениорската репрезентација – рече Ашаданов по мечот со Белгијките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот