Артим Шаќири пред реваншот кај Карабах: Шкендија нема што да изгуби во Баку
Поранешниот репрезентативец на Македонија, но и некогашен играч на Карабах и тренер на Шкендија, ги проценува шансите на тетовци да заблежат добар резултат на утрешниот реванш на гости, откако на домашен терен изгубија 0-1
Артим Шаќири (51) е една од легендите на фудбалот во Македонија, но тој е и некогашен играч на азербејџански Карабах (2008-2009), а во еден период беше и тренер на Шкендија (2022). Интересни се неговите размислувања за утрешниот меч Карабах – Шкендија што ќе се игра во Баку.
Препорачано
Во првиот дуел од третиот круг во квалификациите за Лигата на шампионите, македонскиот првак Шкендија во Скопје изгуби 0-1 од фаворитот од Азербејџан, а во утрешниот дуел на гости треба да ја надмине негативата за да оди понатаму.
Шаќири во интервјуто за „апаспорт.аз“ вели дека Шкендија ќе биде достоен ривал за поискусниот и поквалитетен тим на Карабах.
– Шкендија нема што да изгуби во вториот натпревар. Ќе дојдат во Баку со цел да победат. Сè е можно во фудбалот.. – вели Шакири.
Тој смета дека силите во првиот дуел во Скопје биле израмнети, иако гостите победија.
– За мене, тоа беше добар натпревар, полн со многу епизоди, кој заврши само со еден гол. Иако Карабах се обидуваше да ја контролира топката, Шкендија го демонстрираше својот квалитет. Тие предизвикаа натпреварот да заврши само 0-1. Голманите и на Шкендија и на Карабах покажаа дека се во голема форма. За мене, најдобри во мечот беа двајцата голмани – вели Шаќири.
Како и да се одвиваат понатамошните квалификации, Шкендија уште отсега има обезбедано најмалку настап во главната фаза на Конференциската лига.
Добро познато име ќе дели правда на реваншот помеѓу Карабах и Шкендија во Баку


