Арсовска со поддршка до Славески: На дневниот ред на седницата да се стави точката за приватните превозници
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска му даде поддршка на претседавачот на Советот, Трајко Славески, на дневен ред на седница да се стави точката за приватните превозници, кои повторно не сообраќаат низ градот.
Препорачано
Славески, претходно преку социјалната мрежа „Икс“ наведе дека приватните првозници бараат зголемување на цените на нивните услуги, во кое порача дека сега на потег е градоначалничката.
ПРИВАТИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ПРЕКУ ЧЛЕН НА СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ БАРААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА НИВНИТЕ УСЛУГИ
– НА ПОТЕГ Е ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АРСОВСКА – pic.twitter.com/eDvd8DmyWC
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) November 27, 2024
Според Арсовска, тој досега не успеал да собере храброст за самиот да донесе одлука, а овој пат таа тврди дека за оваа иницијатива ја има нејзината поддршка.
– Го охрабрувам Трајко Славевски, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не – се вели во изјавата на градоначалничката Арсовска.


