Данела Арсовска на прес пред универзална сала / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Арсовска повика да негуваме соживот, почит на различностите, солидарност и единство

„По вековни борби за самостојност македонските граѓани на 8 Септември 1991 година решително го остварија вековниот сон на нашите предци за слободна, независна и суверена Република Македонија“, напиша на Фејсбук скопската градоначалничка Данела Арсовска по повод Денот на независноста.

Во изминатите години славејќи и радувајќи се на независноста, поминавме низ бројни искушенија и останавме доследни на нашите заложби Македонија да се гради како силна демократска држава. Тоа силно чувство за сопствената држава, да го пренесеме на новите генерации, да продолжиме да ја градиме Македонија со заложби и реформи за економски силна, развиена и успешна држава, напиша Арсовска на Фејсбук.

Таа апелира да ја негуваме вековната традиција на соживот, со почит на различностите, солидарност и единство токму во моментите кога, како што наведува, се соочуваме со најголеми предизвици на нашето време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот