Арсовска ќе поднесе кривични пријави против општинските власти во Ѓорче Петров затоа што изгласале надградба на згради до 20 ката

Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје/Фото: Скриншот

Данела Арсовска Градоначалничката на Град Скопје изјави дека Советот на Општина Ѓорче Петров на седница одржана викендов изгласал измени на Деталниот урбанистички пан (ДУП) со кој драстично биле зголемени дозволените градби на улицата „Ацо Шопов“ – од 5 ката плус поткровје, на 20 ката плус поткровје. Таа додаде дека Советот на општината ги изгласал измените без согласност од Град Скопје.

Арсовска најави дека ќе поднесе кривични пријави против градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојковски којшто ги отфрли обвинувањата, како и против министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, претседателката на Советот на општина Ѓорче Петров Ленче Нелоска и за Весна Андрееска – вработена во Министерството за транспорт и врски.

„Нема да дозволиме покрај овие бетонски зданија и изградба на три индустриски објекти од хемиската индустрија како потенцијални катастрофи да се изградат во општина Ѓорче Петров“, рече Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот