Протест на вработените во „Паркови и зеленило“ / Фото: Независен синдикат на државна администрација

Арсовска ќе им помага на вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ да ги добијат платите

Од Синдикатот велат дека по силниот медиумски притисок, после неколку месеци добиле одговор од директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ и биле повикани на разговор, но на тој разговор не дошле до решение, а им било соопштено дека „Паркови и зеленило“ кубури со средства

Со почетокот на ноември навршува еден месец откако вработените на ЈП „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ ја немаат добиено септемвриската плата поради дефицитот на средства за исплата на плати и додатоци од претпријатието.

Денеска дел од претседателството на Независниот синдикат на претпријатието се сретнало со градоначалничката Данела Арсовска, од која добиле информација дека ќе се обиде да помогне во исплатата на задоцнетите средства кои им се должат на 700-тината вработени.

Протест на вработените во „Паркови и зеленило“ / Фото: Независен синдикат на државна администрација

Од Синдикатот велат дека по силниот медиумски притисок, после неколку месеци добиле одговор од директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ и биле повикани на разговор, но на тој разговор не дошле до решение, а им било соопштено дека „Паркови и зеленило“ кубури со средства.

Сепак, по денешниот протест кој започна од пред седиштето на „Паркови и зеленило“, демонстрантите се упатиле кон бараките на Град Скопје, каде градоначалничката ги примила на разговор.

-На средбата беше јасно укажано дека исплатата на плата мора да се изврши во законски предвидениот рок, без одлагање. Сите обврски кон вработените мора да се почитуваат согласно важечкиот Закон за работни односи и потпишаниот Колективен договор со Независниот синдикат на Паркови и зеленило, како репрезентативен синдикат во ЈП „Паркови и зеленило“ – информираа од Независниот синдикат за државна администрација.

Оттаму велат дека градоначалничката потврдила дека иако формално нема директни ингеренции за решавање на проблемот со неисплатените средства, сепак ќе направи соодветен контакт со надлежните институции со цел да се изнајде решение.

Протест на вработените во „Паркови и зеленило“ / Фото: Независен синдикат на државна администрација

Решението за спас од овој проблем можеби ќе се најде со префрлањето на средства од ЈП „Водовод и канализација“, во чии фактури за наплата има ставка зеленило, која би била „финансиска инјекција“ за „Паркови и зеленило“ , бидејќи веќе од следната недела, на вработените нема да им доцни само една, туку две плати кои ги изработиле изминатиот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот