Арсовска: БРТ нема да има, ќе има бесплатен јавен превоз и нови автобуси

Данела Арсовска/ Фото: МИА

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска на брифинг со новинарите рече дека ангажирала тим со кој покренала постапка за тужба поради клевета дека има бугарско државјанство, како што и најави за време на изборната кампања.

– Покрената е постапка, но јас сепак да останам како градоначалничка што обединува, а не како некој што ги двои луѓето. Тука ќе работам со советници и администрација од различни партии, затоа сакам да бидам коректна кон сите, одговори Арсовска на прашање на „Слободен печат“.

Таа нагласи дека во Скопје нема да има Брз јавен транспорт, туку нови автобуси и бесплатен јавен превоз.

–  Скопјани да сакаа БРТ ќе го гласаа кандидатот кој тоа им го вети. Но гласајќи ме мене, тие покажаа дека сакаат бесплатен превоз и нови автобуси. Затоа јас ќе се фокусирам на проектите кои им  ги ветив на граѓаните а за кои добив гласови на изборите, рече Арсовска.

На прашањето како ќе го изведе бесплатниот јавен превоз, таа не сакаше конкретно да одговори велејќи дека има план за реализација, но се уште е многу рано да се изнесат деталите во јавност.

– ЈСП е загубар. Тоа ни е јасно на сите. Во периодот кој следува ќе се направат анализи кои ќе покажат на кој начин ќе го направиме претпријатието рентабилно. Тоа не мора да значи дека мора да биде од продажба на билети, има и други начини, јас имам идеи како ќе го изведам тоа. Од друга страна, морам да кажам дека не само во ЈСП туку недомаќински се работело и во останатите јавни претпријатија. А, ако еден човек со години недомаќински работел не може да очекуваме одеднаш да стане одговорен. За тоа ќе размислам дали ќе има разрешувања од раководни позиции, нагласи градоначалничката, додавајќи дека секој проект што е во интерес на граѓаните, а нема индикации дека се работело нечесно, ќе продолжи да се реализира.

Градот Скопје годинава ќе биде украсен за 240.000 евра

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот