Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Арсенал во финишот преодниот рок се засилува со европски шампион

Според последните информации од Островот, екипата на Арсенал е блиску во своите редови да го доведе, Микел Мерино од шпански Реал Сосиедад.

Мерино беше дел и од шпанската репрезентација на Европското првенство, а во првото коло за Реал Сосиедад не настапи што е доказ дека трансферот е блиску до реализација.

Во минатата сезона тој беше еден од најдобрите фудбалери на Реал Сосиедад и Арсенал би требало да го доведе за сума од 35 милиони евра. Лекарските прегледи Мерино би требало да ги помине во текот на оваа недела.

Покрај Сосиедад претходно во својата кариера беше дел од Осасуна, Борусија Дортмунд и Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот