Арсенал „прокоцка“ победа, спектакуларни „ножички“ на Дуарте! (ВИДЕО)

twitter.com/tomgunner14

Арсенал одигра само реми кај Виторија (Гимараеш) во својот четврто натпревар од групата „Ф” од Лига Европа. Мечот во Португалија заврши со резултат 1:1, а „топчиите” веќе немаат победа во четврти последователен дуел на сите натпреварувања.

Денеска играчите на Унаи Емери имаа само еден удар во рамките на голот и го реализираа во 80. минута преку Шкодран Мустафи.

Но, домаќините успеаја да израмнија во судиското надополнување благодарение на „ножичките“ на Бруно Дуарте.

Неколку секунди подоцна стативата го спаси Арсенал, а истото се случи и на почетокот на натпреварот.

Арсенал продолжува да ја предводи групата со 10 бода и е фаворит да се пласира во нокаут-фазата. Во вториот натпревар од групата в четврток Стандард Лиеж е домаќин на Ајнтрахт Франкфурт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот