Арсенал искешира 50 милиони фунти за репрезентативец кој не одигра ниту една минута на Евро 2020

EPA-EFE/Ian Walton

Арсенал ремонтот на екипата го започна од одбраната и за првото засилување издвои 50 милиони фунти.

По само една сезона помината во Премиер лигата и со два настапи за англиската репрезентација, младиот дефанзивец на Брајтон, Бен Вајт го договори трансферот на кариерата, ќе се пресели во Арсенал.

Како што јавува „Скај спортс“, двата клуба постигнаа договор и сега останува да се среди документацијата пред трансферот да биде и официјално потврден.
Лекарските прегледи на Вајт се закажани за 26 јули, по што и официјално ќе стави потпис на договорот со Арсенал.

Бен Вајт потекнува од младинската академија на Саутемптон, а во 2014 година се пресели во Брајтон каде помина низ младите категории по што пред да биде имплементиран во првиот тим, неколку сезони помина на позајмица во Њупорт, Питерборо и Лидс.

Минатата сезона беше стандарден во одбраната на Брајтон, а пред стартот на Евро 2020 доби повик од селекторот Гарет Саутгејт.
Одигра два контролни натпревари за репрезентацијата, а по повредата на Трент Александер-Арнолд беше повикан да биде дел од „Гордиот Албион“ на ЕП каде не одигра ниту една минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот