Арсенал го купува најдобриот стрелец на Брајтон
Лидерот во англиската Премиер лига, тимот на Арсенал го реализира трансферот на напаѓачот на Брајтон, Белгиецот Леандро Тросар. Вкупната сума на трансферот би требало да изнесува околу 27 милиони фунти, јавуваат британските медиуми.
Препорачано
Тросар е најдобар стрелец оваа сезона на Брајтон со 7 погодоци, но по Светското првенство во Катар, каде учествуваше со белгиската репрезентација, тој наводно ги расипал односите со тренерот Де Зерби, па на последниве неколку натпревари не беше во тимот на Брајтон.
Веста за овој трансфер најпрво ја објави популарниот Фабрицио Романо.
EXCLUSIVE: Arsenal have opened talks to sign Leandro Trossard from Brighton, negotiations are advanced with official bid ready for permanent move. ?⚪️? #AFC
Personal terms already agreed — talks will continue to get deal done soon. pic.twitter.com/WgiCtz1jG1
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 19, 2023
Договорот на Тросар треба да истече летово, па тимот на Арсенал ја искористи оваа прилика за поевтини пари да го донесе 28-годишниот напаѓач.
Како што пренесуваат британските весници, во трката за потпис на Тросар биле уште неколку клубови, но тој лично го избрал лидерот на табелата.


