Архитектите предупредуваат: Ќе се крева надградба на зградата во Кисела Вода во која имаше трагичен пожар со четири жртви

Зградата во Кисела Вода во која се случи пожарот со четвворица загинати / фото: Марх.мк

Се подготвува надградба на зградата во скопската населба Кисела Вода во која пред години се случи пожар, пишува Марх.мк

Во една од долгите црни згради пред 15-на години се случи трагичниот пожар во кој загинаа четворица луѓе, а повеќемина беа примени во болница поради вдишан чад.

По големата трагедија, се отворија повеќе прашања во јавноста, меѓу кои беше употребата на пластифицираните елементи во архитектурата на објектот, како и узурпирањето на покривните проодни тераси.

Со ова, ќе се елиминира пристапот на сите станари до покривот на зградата, кој наменски е проектиран како рамен поради повеќе предности за: евакуација во случај на пожар, употреба на заеднички простории, социјализација и рекреација, пишува Марх.мк.

„Сето ова во изминатите 20 – 30 години, целосно исчезна поради отсуството на професијата во носењето на законите и урбанистичките планови (кои очигледно се кројат за богатење на поединци на штета на сите). Бидејќи се докажавме како народ со кратко паметење, по 15-на години од трагедијата која требаше да биде освестување и во корен да го сосече овој тренд, се соочуваме повторно со парадоксот на нашиот архитектонско-урбанистички свет“, пишува авторот на текстот, архитектот Филип Конески.

„На зградата веќе се наѕираат тарабите, рачната дигалка и пробивањето на кровното цокле, што е вовед во дејствијата кои нѐ прават сите соучесници. Ваквите интервенции се невозможни без да имате согласност од сите станари или доминантниот број. Сѐ на сѐ, уште еден пораз“, додава Конески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот