Археологот Овчаров вели дека кирилицата била бугарска, а македонските претензии – неосновани

Фото: Wikimedia

Бугарски археолог и експерт за тракиската историја, Николај Овчаров, кој е член на Националниот кружок „За Македонија“, денеска, на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј ја повтори старата бугарска „приказна“ дека кирилското писмо ѝ припаѓа на Бугарија.

„Симболите останати низ вековите сведочат за тоа дека кирилицата е бугарска. Целата сериозна историска наука тврди дека кирилицата е бугарска. Таа е создадена во Плиска, што е познато од историските извори. Ние археолозите помогнавме во тој правец зошто откривме натписи не од почетокот на 10. век, кои ни ги покажуваат токму првите датирани нешта. Еден од нив е откриен во манастирот во Крепча. Имаме апсолутни докази дека кирилицата е направена во Бугарија. Нештата што ги зборуваат во Северна Македонија се апсолутно неосновани, зошто Климент Охридски и Наум се испратени таму од Велики Преслав со задача да го наметнат новото писмо“, изјави Овчаров за тамошната телевизија „Бугарија он ер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот