Аргентина го брка шестото, а Хрватска второто финале на светските првенства

Лионел Меси („Аргентина“) во акција на натпреварот против Австралија/Доха, Катар/3 декември 2022/фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Денеска се враќаат возбудувањата на Светското првенство во Катар каде од 20.00 часот ќе се игра првото полуфинале помеѓу Аргентина и Хрватска на стадионот Лусаил, а главен судија ќе биде Даниеле Орсато од Италија.

Аргентина и Хрватска во меѓусебните натпревари имаат по две победи, единствено ремизираа во 1994 година во пријателски меч (0:0).

На Мундијалот во 1998 Аргентинците беа подобри со 1:0, а на Мундијалите се сретнаа и во 2018 кога Хрватите беа убедливи со 3:0. Во меѓувреме одиграа уште два контролни дуели, во 2006 „коцкестите“ славеа со 3:2, а во 2014 се реваншираа „гаучосите“ (2:1).

Хрватска е во позиција да стигне до второто последователно финале на светските првенства и така би се нашле во одбрано друштво откако тоа им успеа до сега на Бразил, Германија, Италија и Холандија.

Модриќ: Лео е великан, а Хрватска има ДНК како Реал Мадрид

Селекторот на Аргентинците, Лионел Скалони не може да смета на Гонзало Монтиело и Маркос Акуња против Хрватска поради картони. За среќа на Скалони, ниту еден играч не беше повреден на дуелот против Холандија, па селекторот на Аргентина ги има на располагање сите играчи.

Во слична ситуација е и хрватскиот селектор Златко Далиќ кој може да смета на сите играчи бидејќи во тимот нема повредени или суспендирани играчи, а од болест се опоравија Борна Соса и Мислав Оршиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот